Уште два дена за поднесување на годишна даночна пријава во УЈП

До крајниот рок за поднесување годишни даночни пријави, кој истекува во четврток  (16 март),  се очекува околу 170.000 граѓани да ги пријават своите приходи во Управата за јавни приходи (УЈП), со поднесување годишна даночна пријава. 

Како што информираат од УЈП, заклучно со вчерашниот ден се поднесени 235.258 пријави, од кои најмногу во Скопје, 86.643.

Со цел избегнување на метежите на даночните шалтери, особено во Скопје, УЈП потсетува дека граѓаните можат да ги поднесат пријавите и во дополнителните пунктови кои УЈП ги отвори за прием на Годишните даночни пријави во Центар, како и општините Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба и Аеродром или да ги поднесат преку мобилните даночни шалтери кои ќе гравитираат во повеќе населени места и општини во Скопје и низ Македонија.