Уште десет дена пријавување за баскет - спектаклот на годината

Во духот на спортот, а за подршка и мотивација на младите талентирани стреет баскет кошаркари и оваа година традиционално по петти пат ќе се одржи турнир во стреет баскет во населба Автокоманда.  Пријавувањето за бескет спектаклот на годината трае уште десет дена. 

Настанот ќе се одржи на 08 и 09 јуни на игралиштето во Автокоманда, спроти КАМ маркетот. Екипите треба да бидат составени од 4 играчи (3+1). За најдобрите тимови обезбедени се парични награди.

Сите заинтересирани учесници може да се пријават на телефонскиот број 079/286-608 најдоцна до крајот на овој месец.