Уште 50 дивоградби добија тапија во Кисела Вода

50 нови решенија, додели Градоначалничката на Кисела Вода, Билјана Беличанец Алексиќ, со што вкупната бројка на доделени решенија се искачи на 5 130.

 Од вкупно поднесените 13 853 барања, Општина Кисела Вода успеа да одговори на дури 5 130, односно да им додели решение за легализација, со што ефикасноста на проектот засега е на 37%. Голем е и бројот на поднесени барања на кои им недостасува геодетски елаборат, а има и такви кои само чекаат уплата на надоместок за да се почне со постапката на изготвување на Решение за легализација.

Од Општина Кисела Вода, убедуваат дека и во иднина ќе продолжат со реализација на проектот со исто темпо. Од таму ги повикуваат граѓаните кои сеуште немаат поднесено барање или ја немаат соодветната документација тоа да го сторат што поскоро. За граѓаните ова е одлична прилика да го легализираат својот бесправно изграден имот и да добијат документ за негово поседување. Проектот е во директна корист на граѓаните кои се мошне задоволни од спроведувањето.