Урнат и искршен видиковецот на врвот на Водно

Непознати сторители деновиве уништиле еден видиковец на јужната страна на врвот на Водно. При вандалскиот чин урната е дрвената конструкција, а потоа истата е кршена и палена.

Град Скопје апелира до граѓаните да ја чуваат и одговорно да се однесуваат со поставената урбана опрема во парк-шумата Водно и на сите други јавни површини во градот.