Urimil Forte Neuro – Затоплувачки лепенки за спас од болките во грбот, мускулите и зглобовите

 

Повредите, инфекциите, метаболичните пореметувања, па дури и дијабетесот можат да предизвикаат оштететувања на нервниот систем, кои пак, резултираат со интензивни и иритирачки болки на одредени делови од телото, во медицината тие се именувани како „невропатски болки“. Кога и да почувствуваме таква болка во грбот, колената или зглобовите – прво што ни паѓа на памет е дека мора да се ослободиме од неа што е можно поскоро.

Повеќето од нас се постојано во потрага по чудотворно решение кое ќе го елиминира непријатното чувство, но најголемиот дел од потенцијалните решенија доаѓаат во форма на апчиња или инјекции, па луѓето чувствуваат страв или одбивност да ги земаат. Инјекциите против болка дефинитивно не се трајно решение бидејќи тие делуваат моментално, но при присуство на посилна или хронична болка, дозата треба постојано да се обновува – што секако не е практично. Апчињата се практични и ефективни, но многу често не делуваат токму на местото каде болката е најприсутна, а згора на тоа од корисникот бараат редовност и одговорност.

Затоа, затоплувачките лепенки стануваат се’ попопуларно решение за справување со болки. Лепенките против болка Urimil Forte Neuro се алтернативен начин да се ослободите од болните моменти кои ви ги создаваат повредените мускули и зглобови и ќе го елиминираат непријатното чувство на невропатска болка во вашето тело. Тие се производ за локална примена и можат да се употребуваат и во акутни и во хронични состојби кои ги опфатаат нервите, мускулите, зглобовите и тетивите. Овие лепенки се создадени така што обезбедуваат постепено ослободување на активните состојки во текот на 24 часа, со цел да го намалат воспалението, да ја стимулираат циркулацијата на крвта и да го забрзаат процесот на опоравување.

Лепенките Urimil Forte Neuro се изработени од неткаен материјал со биокомпатибилна, удобна и неиритирачка површина, натопена со уникатно ефективна комбинација од 5 активни состојки, меѓу кои екстракт од арника и магнезиум. Арниката има антиинфламаторно дејство и дава чувство на ладење со цел регенерација на болното место, додека магнезиумот ја опушта напнатоста во мускулите и помага тие полесно да се регенерираат. Лепенките можат да се употребуваат самостојно или заедно со Urimil Gel, со што ќе го надополните нивниот ефект за поголема успешност.

Животот придружен со иритантна болка во грбот, мускулите и зглобовите значително го нарушува квалитетот на вашето секојдневие, а тоа е доволно голема причина за да се обидете еднаш засекогаш да го решите овој проблем. Производите на Urimil се создадени така што директно влијаат на ублажување на симптомите на невропатска болка, уште веднаш по првата употреба. Победи ја невропатската болка со Urimil!

Дознајте повеќе на www.urimil.mk