Урбаната опрема во Аеродром повторно цел на вандалисти

Пред околку две седмици детската улица „Тоше Проески“ во Ново Лисиче доби целосно нови клупи и канти за отпадоци, а беа обновени и постојните жардиниери кои се протегаат и од двете страни на фонтаната и улицата.

Истовремено, оваа локација доби и обновени клупи и кантите за отпадоци пред ТЦ „Бисер“. 

Обновата на урбаната опрема на детската улица ,,Тоше Проески” и пред ТЦ ,,Бисер” заврши со поставувањето на последните клупи и канти за отпадоци, со што овие нафреквентни локации во општината добија нови и модерни услови за релаксација, соопштија завчера од општина Аеродрдом, но за жал, наместо да се разубават овие локации и да се подигне нивото на хигиена, тие истата вечер беа предмет на вандалски чин.

Од локалната самоуправа на Аеродром упатија апел за совесност кон јавните добра. 

- Апелираме до сите жители на општината да се однесуваат одговорно кон јавните површини и опремата која секојдневно ја користиме и е наша заедничка сопственост. Грижата за животната средина е наша заедничка одговорност, порачаа од општина Аеродром.