Уплатиле фактура од над 20.000 евра на деловниот партнер, но била пресретната и фалсификувана, а парите легнати на друга сметка

Вчера (03.02.2026) во 07:15 часот, во СВР Велес, 60-годишна велешанка пријавила дека фирмата каде работи била оштетена за 21.111 евра. 

Како што се наведува во полицискиот билтен, фирмата извршила уплата на средствата по фактура кон деловен партнер, но откако добиле порака на електронската адреса дека уплатата не е реализирана, стапиле во контакт со банката и деловните партнери и утврдиле дека фактурата била пресретната и фалсификувана, а средствата биле уплатени на друга сметка.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.