Универзитетска професорка, пак, тврди дека македонскиот народ е глуп како цепаница

Професорка Мирјана Најчевска често предизвикува внимание со своите контроверзни изјави. Овој пат, преку својот фејсбук профил вели дека овој народ е глуп.

Зошто ваква навреда, говор на омрза кон сопствениот народ или пак, пораката треба да биде сфатена како „освесување“ за Македонците?

- Како професорка, тврдев дека овој народ е глуп како цепаница. Денес како професор во пензија тврдам дека овој народ е глуп како цепаница, наведува професорката на почетокот на својата објава. 

- ... Дојдовме до тоа да имаме најлошо образование и здравство, да дишеме најзагаден воздух, да бидеме најсиромашни, да имаме најлош судски систем, да имаме најбогати политички партии, пратеници и функционери, да ни горат пациенти и деца, да добиеме партократија наместо демократија. Секоја опозиција ви објаснува дека плаќате најскапа струја, и кога ќе дојде на власт ја поскапува уште малку. И секоја опозиција ве убедува дека тие кои се на власт ве задолжуваат до грло, и кога ќе дојде на власт зема уште неколку кредити. И секоја опозиција ве убедува дека сите кои го прекршиле законот ќе одговараат и кога ќе дојде на власт ќе ги осуди гајтанот за струја и Перо клучарот.

Кога јас го испопцув народот и реков дека е глуп како цепаница затоа што дозволува да биде мамен и лажен и краден, ми рековте дека не и личи на професорка да шири говор на омраза против сопствениот народ. Еве и по 30 години го тврдам истото. Овој народ е глуп ко цепаница. Треба да си навистина многу глуп за да дозволуваш одново и одново да те фаќаат на иста финта, да ти продаваат исти приказни и да очекуваш дека еве сега, овој пат ќе биде поинаку. Дајте бре луѓе отворете ги очите и не дозволувај те да си играат мајтап со вас, директна е професорката.