Уништено зеленило, скршени дрва....со автомобилите направија ораница (фото)

Станарите на околните згради покрај улицата ,,Трета македонска бригада“, со своите автомобили го уништија зеленилото на тротоарот!

„Трева веќе не постои, туку каллива површина на  која си ги паркираат своите автомобили. По пат прават кал низ тротоарот и улицата“,„Дрвцата се уништени“,„Многу често се вози на тротоарот, па пешаците мора да внимаваат да не ги згази некој“, се дел од Фејбук коментарите по објавувањето на овие слики.