Уништени тревници и дрвја, зимзелени садници, цветен расад, како и парковска урбана опрема во Скопје

Екипите на ЈП “Паркови и зеленило” забележуваат оштетувања – уништување на јавните зелени површини низ градското зеленило во неколку реони.

Прекопи, ископи, уништени тревни површини, оштетени и целосно уништени дрва, зимзелени садници, цветен расад, како и парковска урбана опрема што говори за несоодветно и неодговорно однесување кон животната средина.

– При изведба, реконструкција или инфраструктурни зафати, каде што се оштетува и загрозува просторот на јавното зеленило, апелираме да се внимава и постапува според Законот за урбано зеленило и Одлуката за комунален ред и сите правни лица, при активности на изведување на прекопи да се обратат и ги информираат службите на Јавното претпријатие “Паркови и зеленило’ и Град Скопје, за да може навреме да интервенираме и да ги спасиме и заштитиме садниците од уништување – велат од ова ЈП.