Уништен автомобил во сообраќајка на булеварот Србија (фото)

Сообраќајна несреќа предмалку се случи на булеварот Србија.

Според фотографијата која беше објавена на Ѕидот на сообраќајниот срам се гледа автомобил Рено Меган кој најверојатно загубил контрола и удрил, а е смачкан во предниот дел. Засега информации за жртви и повредени и за тоа колкава е материјалната штета нема.

Брзата помош пристигнала на местото на настанот.