Underfest распиша конкурс за млади и неетаблирани музичари, актери, поети, писатели во земјава

Underfest денес го распиша конкурсот за пријавување млади и неетаблирани музичари, актери, поети, писатели од Македонија кои сакаат да ги претстават своите дела пред пошироката јавност на Underfest фестивалот во Скопје кој ќе се одржи на 5, 6 и 7 aприл 2019 во просториите на „Јавна соба“ во Скопје.

Авторите треба да ги испратат своите податоци на електронската адреса: info@underfest.mkнајдоцна до 31 декември 2018 година. Избраните дела ќе бидат презентирани пред пошироката јавност и ќе се очекува нивен настап на фестивалот.

Се очекува да настапат преку 50 артисти од полето на музиката, театарот, литературата, културата и уметноста на 3 посебни сцени. Влезот за сите настани е бесплатен.
Целта на конкурсот е да им се даде шанса на младите автори да го презентираат својот креативен труд и своите дела пред публиката на фестивалот и на тој начин да се мотивираат да продолжат со својата работа.

ПОТРЕБНИ ПОДАТОЦИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ НА МУЗИЧКИ БЕНДОВИ:

– Име на бендот- фотографија од бендот музички правец по можност демоснимка од авторска песна- по можност демоснимка од кавер песна за кавер бендови

ПОТРЕБНИ ПОДАТОЦИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ НА ТЕАТАРСКИ УМЕТНИЦИ:

-Име на театарската група
-Име на театрската претстава (времетраење на претставата, бројот на актери што настапуваат, режија…) тука треба податоци како за регуларна претстава

ПОТРЕБНИ ПОДАТОЦИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ НА АВТОРИ ОД ОБЛАСТА НА ЛИТЕРАТУРА:

-Име и презиме на авторот
-Име на книжевното дело
-Жанр (поезија, проза, роман….)

ПОТРЕБНИ ПОДАТОЦИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ НА ПРЕДАВАЧИ И ИЗЛОЖУВАЧИ:

-Право на пријавување имаат сите истражувачи, научници кои имаат релевантно научно-истражувачко дело што  би го презентирале пред публиката присутна на фестивалот.