Уморни сте и цело време ви се спие? Ви фали овој клучен минерал, кој мора да го надополните

Дали сте константно уморни? Дали имате проблеми со спиењето? Или се борите да пронајдете енергија за вежбање? Ако заморот е секојдневие во вашиот живот и ако вообичаениот тренинг ви станува сериозно тешка работа, тогаш ви фали овој клучен минерал.

Еден од најважните минерали е железото и тоа е од суштинска важност за енергијата, бидејќи е камен темелник за црвените крвни зрнца кои го транспортираат кислородот низ телото – што објаснува зошто чувствувате константен умор.

Ако сте бледи, тоа е уште еден знак дека имате недостаток на железо, потоа чувствувате дека губите здив, поточно дека ви е краток и дека срцето ви „лупа“.

Но, постојат уште многу начини кои покажуваат дека вашето тело ве предупредува на недостатокот од железо.

Останатите симптоми се главоболка, вртоглавица, зуење во ушите, губење на косата, студени раце и нозе, се мачите при голтањето, чувствувате чешање, имате нарушен сон, недостаток на апетит, болка во стомакот...

Истражувањата покажале дека во ризичната група се залудените од теретана и вежбање.

Студијата покажала дека една од три испитани жени, кои се спортистки, имаат намалено железо, па најчеста болест кај нив е клиничката анемија.

„Оваа студија е фокусирана на врвни спортисти, а со истражувањето дојдовме до заклучок дека врз хроничниот недостаток на железо влијае преголемата желба за вежбање“, изјавила за Daily Mail нутриционистката Кери Руктон, и додала дека недостатокот на железо го ограничува транспортот на кислород во телото и може да влијае врз менталното и физичкото здравје.

Црвеното месо е еден од најбогатите и најкорисни извори на железо, па тоа ќе ви обезбеди три пати повеќе железо отколку пилешко или 250% повеќе од брокулата.

„Железото е од суштинска важност за енергијата. Еден од најлесните начини да се зголеми издржливоста е да се зголеми внесувањето на црвено месо и тоа 70 грама дневно“, вели доктор Руктон.