Уморна сум од тоа да бидам добра девојка...

Уморна сум од тоа да им дозволувам на другитe да ја искористуваат мојата добрина. Уморна сум од тоа постојано некој да ми го крши срцето. Наместо да давам втора и трета шанса на луѓето, ќе си отидам од нив пред повторно да успејат да ме повредат.

Нема веќе да се врзувам. Повеќе нема да одржувам односи со некои луѓе само затоа што имаме историја. Ќе почнам повеќе да се грижам за својата среќа отколку за удобноста на отровните луѓе кои ме опкружуваат.

Ако знам дека ќе ми биде подобро без некого, тој човек нема повеќе да биде дел од мојот живот, без малку вина. Нема да се чувствувам виновна поради тоа што очекувам другите луѓе да се однесуваат кон мене со почит.

Нема да се чувствувам виновна поради тоа што ги кревам своите стандарди откако цел живот ми беа на пониско ниво.

Повеќе нема да се цензурирам себеси. Нема да бидам љубезна кога знам дека за возврат ќе добијам само грубост. Ако некој сака почитување од мене, тогаш ќе мора и да ми покаже почит.

Повеќе не сум заинтересирана за еднострани односи. Нема да бидам покрај некој ако таа личност не сака да биде покрај мене кога ми е тешко. Нема да прифаќам туѓи извинувања ако позади нив нема искрена намера. Нема да се изложувам на драми кога можам да одлучам да си одам.

Ако сакаш можеш да ме нарекуваш кучка поради тоа што конечно се ставам себеси на прво место. Можеш да ме обвиниш за прекумерно реагирање. Можеш да ми кажеш дека би требало да имам повеќе верба во луѓето, но цел живот го поминав верувајќи им на луѓето. Претпоставувам дека се добри во длабочината на душата. И тоа не ми донесе ништо добро.

Давање втори шанси доведе до потврдување на онаа старата изрека дека историјата се поврторува. Слепата доверба води кон скршено срце.

Бев добра кон луѓе кои ме третираа како да сум ѓубре. Им верував на луѓе кои докажаа дека не можам да се потпрам на нив. Им дозволив на луѓето да останат во мојот свет, затоа што ги сакав, затоа што моето срце и мојот ум не можеа да се сложат дали тие вредат за да си го губам времето.

Сега ќе престанам да го слушам своето срце затоа што премногу пати ме измами. Ќе си го слушам инстинктот и здравиот разум.

Ако ме почитуваш и ако покажеш добрина, јас и понатаму ќе бидам добра кон тебе. Но, ако ме предадеш, повеќе нема да бидам фина. Нема да седам и да молчам додека ме понижуваш. Ќе се борам. Ќе ти покажам каде ти е местото.

Најлошо од сѐ – ќе си заминам. Никогаш повеќе нема да можеш да напишеш извинување кое ќе биде доволно силно за да ме вратиш во твојот живот.