Уметноста на малите чекори - молитва која авторот на „Малиот принц” ја напишал пред својата смрт

Антоан де Сент Егзипери е запаметен како писател на една од најпредуваните книги на светот. Пред својата смрт, тој напишал моќна молитва која ќе ви го промени погледот кон светот.

Егзипери бил и воен пилот, кој за своите заслуги е награден од Легијата на честа. Тој починал од срцев удар во авион, за време на еден од своите летови. 

Ова е неговата молитва која ја пренесуваме во целост.

Господе, јас не молам за никакви чуда и привиденија, туку за сила во мојот живот. Научи ме на уметноста на малите чекори.

Помогни ми да бидам внимателен и снаодлив, за да можам да ги откријам искуствата кои ме возбудуваат. Научи ме правилно да располагам со времето во својот живот. Подари ми фин подарок да го разликувам важното од неважното. 

Јас молам за силата на воздржаноста и умереноста, за да не летам низ животот, туку разумно да го планирам својот ден. Да можам да ги видам врвовите и пространствата и да најдам време да уживам во уметноста.

Помогни ми да сфатам дека илузиите не ми се од помош. Ниту пак сеќавањето за минатото, ниту соништата за иднината. Помогни ми да бидам тука и сега и да го прифатам овој момент како најважен. 

Спаси ме од наивното уверување дека сите нешта во мојот живот мораат да бидат лесни. Подари ми јасно спознание дека тешкотиите, поразите, падовите и неуспесите се природен, составен дел од животот преку кој растеме и созреваме. 

Потсети ме дека често срцето се буни со причина. Во вистинскиот миг, прати ми личност која има храброст да ми ја каже вистината, но да ми зборува со љубов. Знам дека многу проблеми се решаваат ако ништо не се направи, затоа научи ме на трпение. 

Ти знаеш колку е силна мојата желба за пријателство. Дозволи ми да бидам достоен за тој најубав дар на судбината. Дај ми силна фантазија, да ја искористам во вистинското време, во вистинскиот миг и на вистинското место. Да подарам топлина некому.

Од мене направи човек кој може да допре на оние кои се на дното.

Спаси ме од стравот дека нешто сум пропуштил во животот. Не ми го давај тоа што го сакам, туку тоа што ми е потребно. 

Научи ме на уметноста на малите чекори.