Уметноста на кршењето на сопственото срце!

Се будите исцрпени, во блажена магла. Полека сфаќате дека гласот кој мислите дека сте го чуле и телото за кое се колнете дека било покрај вас, е само резултат на вашиот ум. Додека очите полека ви се прилагодуваат, потрудтете се да се издигнете од тоа лошо чувство кое тешко како тула. Сфатете дека некое време го нема. Кажете си самите на себе дека е прерано за да бидете тажни, измијте се со надеж дека ќе ги измиете и тие лоши чувства и дека тие ќе останат во минатото.

Највеќе што можете трудете се да ги исфрлите трновите од гради. На почетокот солзите не престануваат да паѓаат. Но, по 2 дена плачење, ќе престанете и ќе почувствувате некакво олеснување. Скршеното срце е нешто што самите си го создавате и вие сте единствен лек за тоа. Натерајте се, присилете се, бутнете и гризете се додека не исфрлите се од себе.

Одвратете си го вниманието со помош на пријателите на кои се ова им е добро познато. Погледнете го теророт во нивните очи додека се обидуваат да ве убедат дека се е добро и прават планови како да ви ги исполнат ноќите со здравици и излегувања. Уверете ги дека сте добро и извинете си.

Кажете дека уште една недела треба да бидат покрај вас и дека повеќе никогаш нема да го чујат неговото име од вашата уста. Тие предобро ве познаваат за да ви веруваат, но отворено прифаќаат се што ќе кажеш. Голтајте ги нивните зборови и чувај ги за подоцна. Сакајте ги како што тие ве сакаат вас.

Запрете се самите себе кога ќе добиете желба да му се јавите. Кога го барате во непознаниците покрај кои проаѓате и на местата каде што порано заедно сте оделе. Гледајте како вашиот последен разговор полека оди на дното на листата на направени повици. Наскоро и ќе исчезне заедно со разговорите со останатите странци.

Постојано потсетувајте се на причините за вашето раскинување. И дека никогаш не се борел за да остане. Како сте зажалиле што сте му го отвориле своето срце. Ментално потчукнете се по ранетите рамена заради фактот дека сте го оставиле пред да ве остави. Во тишната на својата осаменост радувајте се, затоа што подобро е да продолжите понатаму без него, отколку вечно да го чекате да се промени. Замислете ја таа алтернатива и почувствувајте како сте се спасиле.

Лежете во кревет благодарни затоа што сте преживеале уште еден ден без него. Одлутајте гледајќи документарци или некое бесмислено реално шоу и одмарајте се. Помислете на него пред спиење. Таман кога ќе заспиете, ќе се разбудите со лошо чувство. И тогаш запаметете дека ова сте го прошле и повторно ќе го пројдете. Ќе го преболете. Можете и морате.

Уметноста на скршеното срце бара исти принципи, без оглед на личноста или ситуацијата. Ќе боли. Ќе патите и плачете и ќе сакате да се откажете од љубов. Соочете се со ова на најхрабриот можен начин. Движете се како никогаш да нема да боли како што боли сега. Сте си го скршиле сопственото срце затоа што имате моќ повторно да го составите. Сте си го скршиле сопственото срце затоа што знаете дека има подобро. Трпеливо чекајте додека љубовните песни не почнат да добиваат смисла. Чекајте го денот кога ќе се изненадите самите себе со сопствениот отскок.