„Уметничка“ инсталација во Лисиче: Општина Аеродром, вие сте на потег

Една година стои отворена дупка на улица во населба Лисиче, која е дел од општина Аеродром. 

Ваквите дупки се ризични и за возилата и за пешаците, бидејќи лесно може да не ги видиме и да се повредиме, или да го оштетиме автомобилот или велосипедот. 

„Една година, а можеби и повеќе, ова вака стои. Улицава не ви ја кажувам, барајте низ Лисиче каде е“, пишува Дејан Митески на Фејсбук.