Улиците се завеани, сообраќајот се одвива отежнато - избегнете непријатности и внимавајте додека пешачите

Македонија е во бело. Улиците се завеани. Сообраќајот се одвива отежнато.

Мраз и снег никако не се пријатни, но за повозрасните е и посебно опасен, бидејќи кај нив коските се многу послаби. Токму поради тоа ние ви донесуваме неколку трикови кои ќе ви помогнат за оваа, а и секоја следна зима, да ја избегнете токму посетата на ортопедот.

Движете се како пингвин

Кога ќе стигне следниот мраз, обидете се да се движите како пингвин. Таквиот начин на движење ќе ви помогне за центарот на рамнотежата да биде во ногата којашто прави исчекор. И секако, влечете ги нозете по површината, а рацете раширете ги колку што е можно повеќе, за да го проширите центарот за рамнотежа. Исто како што тоа го прават и пингвините.

Движете се како балерина

Ако имитирањето на пингвин ви е сепак премногу, тогаш обврзно гледајте да се движите барем на прсти, бидејќи тоа е следниот најдобар начин за со сигурност да ја одржите рамнотежата. Најлошо нешто коешто може да го направите кога се движите по замрзната површина е со полна петица да застанете на неа, бидејќи така ногата ќе се лизне кон напред, а вие ќе се најдете на вашиот задник…

Обложете ги чевлите

Сега на пазарот може да се најдат и најразлични додатоци за чевлите коишто најчесто се со иглички, а кои значајно го олеснуваат движењето по мраз, но постои и “направи сам” верзија, а којашто се состои во тоа да искористите колку што е можно погруби чорапи на кои треба да им го исечете делот кај прстите и потоа како такви да ги навлечете на чевлите. На тој начин во голема мера ќе си го олесните движењето по мразот.

Паднете како професионалец

Ништо во животот нема апсолутна гаранција, па дури ниту овие совети. Затоа, ако и покрај се гледате дека ќе паднете на мразот, обврзно вовлечете ја брадата кон градите, како со тилот не би удриле во тлото. Освен тоа, обидете се колку што е можно повеќе да се свиткате и да ги опуштите мускулите, бидејќи на тој начин повредите ќе бидат помалку опасни.

Проверено добар трик

А ако навистина, ама навистина не сакате да паднете на мразот, и би направиле буквално сè за таквото сценарио да го избегнете, понесете си кесичка со песок и сипете по малку од него секогаш кога ќе наидете на замрзнати места.