Улиците „Цветан Димов” и „Христијан Тодоровски Карпош” денеска без вода

Без вода денеска од 13:20 часот се корисниците од улиците „Цветан Димов” и „Христијан Тодоровски Карпош” во Чаир.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради стопирање на стара мрежа од Ф 2* на улицата „Цветан Димов”.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.