Улици од три скопски општини денеска без струја

Делови од Скопје денеска ќе останат со часови без струја. 

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:

· од 08:30 до 13:00 часот, корисниците од улицата Саса 2, од градинката нагоре, општина Кисела Вода;

· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците на дел од улицата Тодор Александров – Комплекс Олимписко Село, општина Центар;

· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата Димо Хаџидимов бр.45, општина Кисела Вода;

· од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на улицата Ванчо Мицков, општина Карпош.