Улични кучиња нападнале три лица, меѓу кои и малолетничка

Во текот на вчерашниот ден биле нападнати три лица од кучиња, меѓу кои и една малолетничка.

Првиот случај е регистриран во 08.50 часот во СВР Тетово, кога А.Р.(61) од Тетово пријавила дека на улица „Благоја Тоска“ во Тетово била касната од куче скитник.

Потоа во 09.40 часот во Полициската станица Гази Баба, Б.Г.(64) од Скопје пријавила дека на ул.„16 Македонска Бригада“ била касната од куче скитник.

Додека последниот случај е регистриран во 16.00 часот во СВР Тетово – Полициска станица Гостивар, кога Х.К.(41) од гостиварско Врапчиште пријавил дека во селото неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.