Улични кучиња каснале двајца мажи во Скопје

Двајца мажи вчера биле каснати од улични кучиња.

Најпрво во 13.45 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Д.Д.(58) од Скопје пријавил во населбата Ѓорче Петров бил каснат од куче скитник. 

Потоа во 14.35 часот во Полициската станица Аеродром, Д.Ј.(36) од Скопје пријавил дека на ул.„Владимир Комаров“ бил каснат од куче скитник.