Уличен дефект остави без вода неколку делови од Скопје

Од скопски Водовод информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 200мм на ул. 33 / Волково, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од Волково, дел од Стопански двор и Градинка.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:00 часот до завршување на работните активности.