Уличен дефект го остави Волково без вода

Поради уличен дефект на водоводната мрежа со профил Ф 250 мм на улицата „55“ во Волково, бр. 1, денеска има прекин во водоснабдувањето.

Без вода се корисниците од населбата Волково, додека корисниците од Новоселски Пат ќе имаат намален притисок во водоводната мрежа.

Прекинот на водоснабдувањето започна од 14:30 часот и ќе трае до завршување на работните активности за отстранување на дефектот.