Улицата „Ванчо Мицков“ во Нерези ќе добие нов изглед

Од денес почна финалната фаза на реконстукција на улицата „Ванчо Мицков“ во Нерези. Станува збор за целосна обнова на коловозот во должина од 130 метри и широчина од пет метри.

Изведувач на работите е ЈП Улица и патишта, а  реконструкцијата е финансирана од буџетот на Општина Карпош.