Улицата станува се потесна за возење: Жителите на Мичурин се жалат на сообраќајниот хаос (фото)

Мичуринци се жалат на сообраќајниот хаос на улицата Симеон Кавракиров.

-Улицата станува се потесна за возење и се помалку прегледна и за возачи и за пешаци. Има паркирано возила од двете страни, од едната се на самата улица а од другата се на тротоар. Потоа, катастрофална состојба со тротоарите на истата улица. Пропаднати и искршени. Идејата е дека треба да се изведе монтажен паркинг во близина, велат жителите од оваа населба.

Фото: Урбанизам во Македонија