Улицата Христо Татарчев 10 дена ќе биде затворена за сообраќај

Поради градежни активности за поставување решетка за прифаќање атмосферски води, од денеска (12  септември), па во наредните 10 дена комплетно ќе биде затворен за сообраќај крак на улицата Христо Татарчев, информираат од Град Скопје.

Станува збор за потегот од „Енергосистем“ до новиот кружен тек. Целокупниот сообраќај од Припор и кон Припор ќе се одвива по споредната улица (околу објектот на „Енергосистем“), објаснуваат градските власти.

Од градот апелираат до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времено поставениот режим на сообраќај.