Улицата „Алексо Демениевски 10“ во Ѓорче за првпат добива канализација

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска сподели дека улицата „Алексо Демениевски 10“ за првпат ќе добие канализација.

Иако станува збор за урбано подрачје, Стојкоски посочи дека жителите овде со години немале основна комунална инфраструктура, но посочи дека тоа сега го менуваат.

Градоначалникот воедно потсети дека минатата година токму во Диво Маало целосно реконструирале 17 улици.