Улица во Ѓорче доби надгробна плоча

На жителите од улицата „31“ во Волково, конечно после неколку години упатувани апели до наделжните, им се оствори желбата да газат низ асфалтирана улица, но, покрај асфалт како „декор“, улицата доби и надгробна плоча слеана со асфалтот.

Фотографии од морбидната улица беа објавени на Фејсбук групата Ѓорче Петров, каде се објавуваат активности и важни настани за самата општина.

Жителите на Ѓорче Петров велат, веќе ништо не ги чуди, а на градоначалникот Александар Наумоски му порачаа да се освести.