Улица „Македонија“ се претвори во театар на живи статуи (ГАЛЕРИЈА)

Улица „Македонија“ вчера се претвори во театар на живи статуи, кои се дел од дводневниот фестивал  „Статуафест – другото лице на улицата“.

Како гости на фестивалот се најавени живи статуи од Шпанија, Бугарија, Србија, Украина и Македонија, а целата манифестација е во организација на „Театроск“.

– Она што го прави овој фестивал поразличен од останатите е неговиот формат, односно живите статуи кои ќе го разубават градот и ќе ја покажат специфичноста на оваа професија пред македонската публика, соопшти „Театроск“, кој повеќе од десет години се занимава со живи статуи и на фестивалот ќе ја презентира и својата продукција.