Улица „Маџари“ готова во септември

Речиси година дена се реконструира улицата „Маџари“ во скопската населба Ченто. Покрај интензивните градежни активности, улицата сеуште не е проодна за сообраќај. Покрај забраната за движење, автомобили и автобуси сепак се движат по неа, а поради условите често се создава метеж. Улицата е од витално значење па некои едноставно не можат да ја избегнат.

Според градежната компанија која ја води реконструкцијата подземните работи се готови. Голем атмосферски колектор, кој ќе ја собира водата и ќе ја пренесува понатаму за да се избегне поплавување, елемент од особена важност бидејќи во минатото, соседната улица „Финска“ се поплавувала од најмал дожд. ЈП Водовод и канализација, спроведе и голема водоводна цевка која ќе ги снабудава Ченто, Стајковци, Синѓелиќ, Инџиково и Хиподром.

Како што изјави градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, во моментов се поставуваат рабници и воглавном работата е при крај. Се очекува реконструкцијата да финишира во сепмтеври. Тогаш, улицата ќе добие 4 коловозни ленти, по две за двете насоки. Нови тротоари од двете страни, со ширина од 2 метри и велосипедска патека од едната, како и ново осветлување. Паралелно со оваа улица се реконструира и помалата но доста фреквентна „16-та македонска бригада“, но надлежните не прецизираа кога ќе заврши нејзината реконструкција.