Украинка со „киа“ прегазила пешак на раскрсница во Битола

55-годишен пешак се здобил со тешки повреди откако бил прегазен на раскрсница во Битола. 

- Вчера во 15:37 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Филип Втори Македонски“, булевар „1 Мај“ и ул.„Јане Сандански“ во Битола, патничко возило „киа“ со холандски регистарски ознаки, управувано од 39-годишната У.М. од Украина, со привремен престој во Битола, удрило во 55-годишниот Д.В. од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во болницата во Битола, информираа од полцицијата во дневниот билтен. 

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола.