Украина планира да им издаде поштенска марка на „Калуш“, а еве што сакаат да направат со трофејот

Украинската пошта планира наскоро да издаде посебна поштенска марка со која ќе го одбележат успехот постигнат за време на Евровизија на нејзините претставници.

Украинската група „Калуша оркестар“ убедливо победи во саботата вечерта на Евровизија 2022 година откако гледачите на цела Европа гласаа за земјата која во моментов е во војна.

За дизајнот на поштенската марка ќе одлучи уметничкиот одбор, напиша на Фејсбук шефот на украинската пошта Игор Смељански, додавајќи дека се ќе се случува во најбрз можен рок доколку се биде во ред.

Исто така и успехот на претходните две победнички на Украина, Руслана и Џамала беа одбележани од украинската пошта која им изработи исто така поштенски марки по нивните победи во 2004-та и 2016 година.

Неодамна украинската пошта издаде поштенска марка посветена на украинските војници на змискиот остров во Црното море кои не го предадоа островот и загинаа за нивната земја.

Пејачот Олег Псјук од групата, по победата објави и дека сака да го продаде евровизискиот трофеј на аукција и парите да ги донира за украинските војни сили.