Украдено возило од паркинг во Скопје

Четириесетгодишен маж пријавил во полиција дека непознат сторител му го одзел патничкото возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски таблички.

„Сторителот го отворил возилото, влегол внатре, го стартувал со клучот што бил во него и заминал во непознат правец“, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.