Украдено македонското знаме од пред конзултатот на Република Монголија во Скопје

Македонско знаме поставено пред Конзулатот на Република Монголија било украдено, вчера во скопската населба Аеродром.

Според полицијата, вчера во 13 часот конзулот на Република Монголија во Македонија пријавил во СВР Скопје дека во периодот од 15 часот на 30 март до 12 часот на 31 март годинава до 12 часот, било украдено знамето на Македонија. Знамето било поставено пред Конзулатот на Република Монголија на булеварот Јане Сандански.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на настанот.