Украдено е возилото на скопјанец

На автопатот А1, вчера, полициски службеници од СВР Велес го привеле лицето Ѓ.М.(68) од Неготино, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „одземање на моторно возило.“ 

„Тој се сомничи дека неколку часа претходно во Скопје одзел патничко возило „шевролет авео“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.А. од Скопје“, се наведува во соопштението на МВР.

Исто така, од МВР информираа дека по целосно документирање на случајот против Ѓ.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.