Деновиве несовесни граѓани „успеаја“ да украдат пет украсни грмушки од платото во Карпош 3.
Станува збор за нови садници - украсни грмушки од видот buxus или зеленики, коишто Општина Карпош, од својот Буџет, поточно од средствата на граѓаните, ги намени за хортикултурно уредување на платото во Карпош 3, како дел од големата кампања на зголемувањс на зеленилото во општината, која се уште е во тек.
Ваквиот вандалски чин, во кој грмушките се искорнати од корен, предизвика револт кај граѓаните и во иднина ќе бидат санкционирани.