Украдени повеќе велосипеди од продавница за спортска опрема

Непознат сторител извршил тешка кражба во продавница за спортска опрема на улица „Дебарца” во Скопје.

Како што соопшти полицијата, сторителот го искршил стаклото на влезната врата, влегол внатре и одзел повеќе велосипеди.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.