Украдени кју-ар кодови за европски зелени пасоши

Неидентификувани лица од надлежните органи во европска земја ги украле кју-ар кодовите што се користат за генерирање на европскиот зелен пасош, јави италијанските медиуми.

Според нив, дел од кју-ар кодовите биле објавени и дистрибуирани на интернет програми за издавање лажни сертификати. Според квалификувани италијански извори, веќе е одлучено да се поништат сите документи генерирани со тие кју-ар кодови.

Планирани се и серија состаноци на европско ниво меѓу сите технички засегнати страни за детална анализа на ситуацијата. Сè уште не е познат бројот на украдени кодови или дали проблемот ја засега и Италија, иако истрагата е во тек.

Кражбата на кодовите не била извршена во Италија. Првичните истраги покажаа дека немало компјутерски напади врз Sogei, ИТ компанија на Министерството за економија што обезбедува кодови за генерирање зелени сертификати во Италија.

Според тоа, можеби нападот бил извршен врз слична институција во друга европска земја. Во моментов, сепак, потврдено е дека украдените кју-ар кодови се поништени и како резултат на тоа, сите зелени сертификати генерирани од тие кодови се невалидни.