Украдени цвеќиња од скопските јавни површини

До кога, се прашуваат надлежните од ЈП "Паркови и зеленило"? 

ЈП "Паркови и зеленило" деновиве спроведен акција за садењето на сезонскиот цветен расад за разубавување на есенскиот пејзаж во градот. Но, за жал нема за кого. 

Цвеќиња од скопските јавни површини се откорнати и украдени. Од ЈП „Паркови и зеленило„ објавија фотографии од местата на кои се украдени цвеќињата и прашуваат: 

Уредените цветни површини со есенски цвеќиња го разубавија градското зеленило.

Но да ве прашаме!

Зошто и овој пат токму цвеќињата беа тие кон кои посегнавте¬? 

Зарем цвеќе – симболот на радоста и прирдната убавина низ зеленилото треба да го уништуваме?

Бидете совесни и одговорни кон сè она што Ве опкружува.