Украдена бронзена биста со ликот на Страшо Пинџур во основно скопско училиште

На 02.05.2018 год во 07,05 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, 40-годишната С.С. вработена во Основното училише “Страшо Пинџур“ лоцирано на улицата “Лука Геров“ пријавила дека во временскиот период од 30.04 до 02.05.2018 година од страна на непознат сторител извршена била тешка кражба на една бронзена биста со ликот на Страшо Пинџур, со димензии 80 х 40 цм.

Причинета е штета од околу 66.000 денари.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Пред само неколку дена извршена е кражба во основното училиште „Кузман Јосифовски – Питу“ лоцирано во Кисела Вода, каде исто така е украдена бистата.