Украден автомобил во Аеродром

Патничко возило „БМВ 318“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.П.В. било украдено од улицата „Владимир Комаров“ во скопски Аеродром.

Од полицијата информираат дека кражбата е пријавена од 23 годишниот Д.П., а истата се случила во период од 10.35 часот на 05.09 до 11.00 часот на 06.09.2018 година.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за целосно расчистување на случајот.