
Возило „фолксваген голф“ било украдено во текот на ноќта во тетовското село Стримница, при што автомобилот бил одземен од пред куќата на сопственикот.
Како што информираат од МВР, вчера во 08:00 часот, во Полициското одделение Групчин, 34-годишниот Г.А. од Стримница пријавил дека возилото со тетовски регистарски ознаки исчезнало во периодот од 21:00 часот на 30 септември до 07:00 часот на 1 октомври.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на возилото и за целосно расчистување на случајот.