Украден автомобил од паркинг

СВР Тетово извести дека четириесет и тригодишен гостиварец вчера (26 мај) во 10 часот  пријавил дека пред неколку дена на улица „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар паркирал патничко моторно возило „фолксфаген“ со скопски регистарски ознаки, кое го користел на лизинг и дека возилото му било одземено.

Полицијата информира дека се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото.