УЈП: Системот е-даноци од 16:30 ќе биде недостапен, ќе се вршат неопходни интервенции

Управата за јавни приходи ја известува јавноста и даночните обврзници дека, поради извршување на неопходни интервенции на системот е-Даноци, денес од 16:30 часот, истиот ќе биде недостапен.

Во овој период, даночните обврзници нема да можат да поднесуваат пријави и други електронски поднесоци преку системот е-Даноци.

„ Во периодот додека трае интервенцијата останатите системи на УЈП ќе бидат во функција и даночните обврзници непречено ќе може да поднесуваат пресметките за исплата на личен доход во е-ППД , вклучително и пресметки за плата (МПИН).

Се предвидува интервенцијата да трае неколку часови, а по завршување на активностите системот е-Даноци повторно ќе биде ставен во функција. Апелираме до сите корисници на овој систем да ги завршат своите итни и неодложни обврски пред започнување на интервенцијата.

Ви благодариме за вашето разбирање и трпение. Вашата соработка е од исклучителна важност, а целта е усовршување и оптимизација на системот е-Даноци, со цел да ви овозможиме уште поефикасни и побезбедни услуги“, се вели во соопштението на УЈП.