УЈП подготвува систем за поврат на ДДВ на граѓаните на крајот на секоја година

Граѓаните ќе ги добијат парите од повратот на ДДВ на крајот на секоја година, информира директорката на Управата за ајвни приходи Сања Лукареска.

–  Веќе одреден период се подготвува електронскиот систем преку којшто ќе се овозможи прецизна пресметка и навремен поврат на парите кај граѓаните. Граѓаните на крајот на годината ќе добијат дел од парите коишто ги трошеле во текот на годината, но истовремено и ќе станат партнери на Управата за јавни приходи во контролите за спроведувањето на даночна дисциплина, посебно кај тие кои сега ја избегнуваат. Убедена сум дека на овој начин ќе се зголеми и издавањето на фискални сметки – вели Лукаревска во интервју за порталот Фактор.