УЈП од 1 јануари почнува со пополнување на годишните даночни пријави во име на граѓаните

Директорката на Управата за јавни приходи на Република Македонија, Сања Лукаревска, во вчерашното гостување во „Уреднички брифинг“ на 1ТВ одговори на едно од најчесто поставуваните прашања – годишната даночна пријава, која што изминатите години „правеше“ гужва и нервоза пред шалтерите на УЈП.

– Првиот дел од проектот или реформата во Управата за јавни приходи што се однесува на пријавувањето на годишните даночни пријави е завршена. Од 1 јануари почнуваме со пополнување на годишни даночни пријави во име на граѓаните.

Овој пат УЈП во име на граѓаните ќе треба да го запази рокот на граѓаните да им испрати информација како им е пополнета даночната пријава, изјави Лукаревска