Управата за јавни приходи ќе изврши продажба на движни и недвижни предмети запленети по основ на неплатени даночни долгови на јавна аукција што ќе се одржи на 23 март 2018.

На продажбата се нудат дваесетина автомобили, комбиња, станови, разни видови машини, производни хали и друго.

Меѓу другите, УЈП нуди на продажба автомобил Форд за 5.700 денари, Фиат Пунто Фиорино за 30.000 денари, Мерцедес за 37.500 денари и многу други автомобили по евтина багателна цена.

Детална листа на предметите за продажба ќе најдете тука.