УЈП објави нова листа на должници

Нова листа на должници.

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр. 04/2018 за долгови доспеани до 30.12.2017 и неплатени до 31.3.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата на должници бр. 04/2018 објавени се 2.080 должници правни лица (за 64 помалку од претходната листа) и 1.909 должници физички лица (за 25 повеќе од претходната листа).

Целата листа погледнете ја овде.