УЈП најави измени: Сторнирана сметка само во првите 15 минути во одредени дејности

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, денеска на прес-конференција истакна дека со новото законско решение фискални сметки ќе може да се сторнираат само во првите 15 минути од нивното издавање во одредени дејности, а инаку сите ќе мора да издадат и фискална на сторната сметка.

Временскиот рок од 15 минути ќе важи само за служителите на промет со храна и пијалоци, како и за обложувалниците.

- Оваа обврска беше пропишана и до сега како подзаконски акт, но често не беше почитувана од даночните обврзници, но од сега нема да може да биде така со дајсната законска дефиниција и на прекршителите им се заканува затворање на објектот. Анализата покажува дека износот на сторните сметки изнесува милијарда денари на годишно ниво, а такви издаваат дури и погребалните друштва.  - изјави Лукаревска.